Search

(Видео) Брачен пар од Русија во својот дом изградил пирамида

Руската брачна двојка Андреј и Викторија Вакхрушева решиле да изградат вистинска пирамида на нивниот имот во селото Истинка кај Санкт Петербург, по примерот на египетските во Гиза.

Vintage News пишува дека соседите биле изненадени кога го виделе завршувањето на проектот на брачна двојка која секогаш била фасцинирана од цивилизацијата на древен Египет.

Андреј и Викторија неколку пати ја посетувале Гиза за да ги видат познатите монументални пирамиди со свои очи. Откако се вратиле во својата татковина, тие минатата година решиле да направат копија од најголемата пирамида на Кеопс во сопствениот двор, се разбира, со помали димензии.

Сега, во нивниот двор има пирамида висока девет метри со страни во дожина од 13 метри.За изградба на пирамидата е користен првенствено бетон со тежина од 400 тони. Ентериерот на пирамидата сè уште не е целосно уреден, но дури и сега е доволно интересен за посетителите кои се подготвени да платат 50 долари за да поминат време во нејзините одаи и да медитираат, пренесува „Кликс“.

Оваа пирамида е 19 пати помала од оригиналната во Гиза и е делумно под нивото на земјата (девет метри), а во неа има и саркофаг.

Андреј и Викторија не планираат да престанат по завршувањето на пирамидата. Имено, тие веќе прават план за египетски храм во нивниот двор, кој ќе биде поврзан со пирамидата со тунел.

Нивниот прв сосед, Александар Пустошински, ги опишува како „добри соседи“ и дека нивните необични постапки биле инспиративни за сите жители на селото.

Треба да знаете
Последни објави