Search

(Видео) Бостон го возврати ударот на гостувањето кај Мајами

Бостон го возврати ударот на гостински терен во пресметката со Мајами (127:102) од финалната серија на Истокот во кошаркарската НБА-лига. По два одиграни натпревари резултатот во трката кој прв до четири победи е 1:1.

Шутот од далечина на Бостон функционираше беспрекорно за што говори статистиката дека постигнаа 20 тројки. Во првото полувреме Бостон постигна дури 70 поени, а примија 45, што доволно говори за нивната расположеност во нападот. Враќањето на Смарт и Хорфорд во тимот на Бостон донесе поголем квалитет и искуство што резултираше со убедлив триумф.

Џејсон Тејтум беше најефикасен кај Бостон со 27 поени (8/13 шут од игра), додека Браун и Смарт постигнаа по 24 поени. Кај Мајами најпрецизен беше Џими Батлер со 29 поени. Серијата се сели во Бостон каде што в недела од 2.30 часот по полноќ се игра третиот натпревар.

Треба да знаете
Последни објави