Search

(Видео) Бил Гејтс: Тестирањето за коронавирус во САД нема смисла, резултатите се чекаат од 3 до 7 дена

Бил Гејтс изјави дека поголем дел од тестирањата на коронавирус во САД се неупотребливи бидејќи треба премногу време за да се добијат резултатите, што не им овозможува на луѓето на време да се самоизолираат во случај да се позитивни од ковид-19.

„ Моментално за резултати се чека во просек повеќе од три дена, понекогаш и седум дена. Никој не би требало да плаќа ниту еден долар за такво тестирање. Тоа е лудо“ рекол Гејтс во интервју за Си-Ен-Би-Си.

Според него, резултатите треба да бидат побрзи за да можат луѓето да одат во самоизолација ако се позитивни и така нема да го шират вирусот на други луѓе.

„ Овие тестирања се неупотребливи. И сите тие бројки за тоа колку многу тестираме, повеќето тестови немаат смисла“ порача Гејтс.

Американскиот претседател Доналд Трамп веќе некое време нагласува дека во САД се врши голем број на тестирања. Дури рекол дека САД предничат по секојдневната количина на направени тестови.

Лабораториите во САД се борат со зголемениот број заразени и големата количина на примероци. Резултатите од тестирањата доаѓаат дури по неколку дена, понекогаш и по една недела или подолго. Пациентите со највисок приоритет ( хоспитализирани пациенти, здравстевни работници во болниците итн.) просечно ги добиваат резултатите за повеќе од два дена.

Молекуларното – ПЦР тестирање е најсигурно на пазарот, но и со најмногу слабости во синџирот на снабдување. Компанијата „Квест Дајагностикс“ еден од најголемите производители на ПЦР тестови за ковид-19 во САД, предупреди во понеделникот дека во изминатите неколку недели се подолго се чека на резултатите од тестирањата.

Треба да знаете
Последни објави