Search

(Видео) Белоруски демонстрантки ги симнуваат маските на режимските полицајци

Белорусите не престанаа да протестираат против победата на долгогодишниот претседател Александар Лукашенко, за кого тврдат дека уште еднаш ја лажирал својата победа, повеќе од еден месец по претседателските избори.

Ова е петти викенд по ред како Белорусите протестираат масовно, и покрај бруталната полициска и воена репресија и киднапирањата и протерувањето на опозициските лидери од земјата. Полицијата вчера уапси и повеќе од 400 лица.

Важна улога на протестите во Белорусија имаат жените, кои организираа посебен „Марш на жените“. Снимките на кои жените се спротивставуваат на маскираните полицајци кои се обидуваат да ги растераат или да ги приведат, кружат низ социјалните мрежи последниве денови.

Демонстрантките на овие снимки ги симнуваат маските од лицето на полицијата и демонстрантите, како и на непознати лица во цивилна облека, за да го откријат нивниот идентитет.

„Бруталното апсење во Минск продолжува и уште еднаш може да се види злоупотребата на 73-годишната Нина Багинскаја.

„Именувањето и засрамувањето е најефективната тактика на ненасилен отпор. Лесно е да се парализира интервентен полицаец – само ќе му ја симнете маската. „Безбедносните службеници стравуваат дека ќе завршат на Телеграм-каналот ’Црна книга на Белорусија’ и дека подоцна ќе се појават на (странскиот) список со санкции“, напиша белорускиот новинар Франак Вијачорка на видео на „Твитер“, објаснувајќи ги тактиките на демонстрантите.

„Белоруските жени се борци“, напиша тој, заедно со фотографии од туркањто на полицијата и демонстрантите, кои исто така ги објави.

Вијачорка, меѓу другото, објави видео на кое полициски службеници за интервенција кои ги соборуваат мирните демонстранти и ги приведуваат.

Треба да знаете
Последни објави