Search

(Видео) Бекам збесна кога ја виде својата статуа со три заба и огромна брада

Дејвид Бекам беше многу возбуден пред да ја види својата статуа, што за него ја нарача фудбалски клуб „Лос Анџелес галакси“. А откако ја виде, тој збесна.

„ЛА Галакси“ сакаше да ја претстави статуата на раскошна прослава во чест на Дејвид Бекам, најдобриот фудбалер во историјата на клубот. Она што познатиот Англичанец не го знаеше беше дека раководството на клубот се здружи со водителот Џејмс Корден да направи малку шега со него. Пред премиерата, оригиналната статуа беше заменета со лажна, што Бекам не го покажуваше во најдобро издание.

Во исечокот емитуван во синоќешната епизода од шоуто на Корден може да се види како 43-годишниот поранешен фудбалер со нетрпение го чека откривањето на споменикот пред свеченоста, а потоа неуспешно го крие ужаснатиот изглед на лицето.

Му пречеа големата брада и задникот кој на статуата беше многу поголем од неговиот.

За тоа време Корден му се смееше од режисерската просторија следејќи го секое негово движење и ужаснат израз.

„Мојата жена доаѓа тука, среќа е тоа што децата не доаѓаат затоа што ако го видат ова, ќе плачат. Не сакам да те навредам, но ова беше голема работа за мене. Ова сега е навредливо”, кажа изнервирано Бекам.

А кога вилушкарот почнал да ја крева статуата, таа паднала и се скршила на парчиња.

„Веројатно ми направи услуга”, коментираше фудбалерот пред да се појави Коренда пред него. Тогаш се му стана јасно.

После тоа се слушаше пиштење со кое продуцентите се обидоа да ги маскираат неговите пцости

Треба да знаете
Последни објави