Search

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот потпретседател на САД, Џо Бајден. Според него, полицајците треба да научат да пукаат во нога, а не во срце, ако им се приближи човек со нож или со нешто слично, пренесува „Фокс њуз“.

Кандидатот за претседател ова го изјави на состанокот со лидерите на христијанските општини во државата Делавер.

Бајден претходно изјави дека треба итно да се разгледа закон за забрана на полицајците да користат методи на загушување.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, смета дека Бајден е премногу слаб за да ги победи антихристите, крадците и оние кои изведуваат нереди.

Треба да знаете
Последни објави