Search

(Видео) Батлер го предводеше Мајами до победнички полуфинален старт против Бостон

Изминатата вечер се одигра првиот натпревар од полуфиналето на Истокот во кошаркарската НБА-лига, во кој Мајами го победи Бостон со 118:107.

Натпреварот се играше во ФТХ арената во Мајами, Бостон имаше предност на полувреме со 54:62, меѓутоа натпреварот беше решен последната четвртина кога домаќините играа одлична кошарка. Тој период Мајами го доби со 17 поени разлика (39:14). Најефикасен во редовите на Мајами беше Џими Батлер со 41 поен, 9 блокади и 5 асистенции. Тајлер Херо уфрли 19. Во редовите на Бостон најефикасен беше Џејсон Татум со 29 поени.

Треба да знаете
Последни објави