Search

(Видео) Барселона се пофали како ќе изгледа реновираниот „Камп Ноу“ вреден 900 милиони евра

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона кој поминува тешки денови  зафатен од финасиска криза се пофали дека сепак наскоро ќе започне со реконструкција на култниот стадион „Камп Ноу“. Стадионот на кој Барселона ги исгра своите домашни натпреаври ќе добие сосема нов изглед.Реновирањето на стадионот требаше да почне во 2020 година, но се одложи поради коронавирусот и финансиската криза.

 

Сега сè е подготвено за реновирање, кое според најавите треба да започне следната година, и ќе чини вкупно 900 милиони евра. Новиот „Камп Ноу“ ќе добие покрив на кој ќе има соларни панели за производство на енергија. Стадионот ќе има над две илјади паркинг места, и повеќе луксузни ВИП простори. Внатре, ќе се реновираат постојните капацитети и соблекувалните на клубот, а ќе се направат и нови деловни простории.

 

Како ќе изгледа новиот „Камп Ноу“ по реконструкцијата се пофали Барселона.

Треба да знаете
Последни објави