Search

Баба од САД се соочила со кобра во нејзината градина и ја убила со лопата

Кејти Кјоу, 73-годишна жителка на Ферлес Хилс во близина на Филаделфија во американската држава Пенсилванија, со лопата убила кобра што ја затекнала во градината на станбениот комплекс во кој живее.

Како што пренесува агенцијата АП, станува збор за истиот станбен комплекс во кој полицијата во еден од становите во март годинава извлекла 20 отровни змии, но официјалните лица не се сигурни дали убиената кобра потекнува од тој стан.

На старата госпоѓа вниманието и го привлекле гласнитe крици на вознемирените птици пред нејзиниот стан, а кога погледнала надвор, забележала змија долга околу 1,5 метри.

Таа изјавила дека на телото на змијата забележала шара која е катактеристична за кобрите, по што зграбила лопата и се приближила до опашката на змијата. Змијата ја исправила главата и ја раширила круната која е карактеристична за кобрите.

Кјоу тогаш сфатила дека мора да ја убие.

„Знаев дека тоа што го правам е опасно, не сум будала. Едноставно реагирав. Мислев на децата и другите луѓе кои живеат во оваа зграда и си реков: ‘Не можам да дозволам да побегне’“, изјавила таа за медиумите.

Локалната полиција го повика населението во случај повторно да забележат змии, да ги повикаат и да остават на експертите да го решат проблемот.

Треба да знаете
Последни објави