Search

(Видео) Арсовски: Јавниот обвинител Јовески го нема да каже нешто за компјутерската опрема на СДСМ

Првиот круг на претседателските избори помина без никој да го види републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да изусти што и да било за апликацијата на СДСМ, за паѓањето на серверите, за менувањето на компјутерската опрема во СДСМ, преку која постои шанса преку мобилна апликација да биле или да бидат собирани лични податоци на граѓани, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Сомнежот е уште поголем со тоа што по првото јавно изнесен сомнеж, беа срушени и апликацијата и серверот на СДСМ, наводната обнова на апликацијата, со шанса за менување или бришење на серверите на кои се барало внесување матични броеви и други податоци од граѓани.

Ќе има ли ЈО каква било реакција, кој ја креирал апликацијата? Колку лични податоци се прибрани? За што служеле, биле ли употребени или злоупотребени податоците? Кој и за што тогаш злоупотребувал? Кој ја тргал апликацијата, дали се истите сервери, дали се бришени податоци, дали се избришани трагите на извршителот?
Ќе реагира ли ЈО за аферата „Големото око“ или сè ќе заврши како аферата со прислушување на обвинителите, а документите и доказите ќе завршат како кривичните пријави за „Поткуп“ среде референдумската кампања и низата други што ВМРО-ДПМНЕ ги поднесе до обвинителството на Љубомир Јовески?

Нема информација ниту од МВР, каде, како и кој ги има покрај гласните укажувања не се постапи итно, односно се остави време за да се занемари целата афера.

Уште пострашно е што РЈО има должност, обвинителот има должност и обврзан е сам да почне да дејствува дотолку повеќе што се работи за криминогени дејства за настани од вонредно значење, како што се избори! Но, за жал, и повторно Јовески и неговиот тим ги ставаат Заев и СДСМ над законот. Ваквото однесување е показател за селективност во правото и правдата во Република Македонија. Ова е показател за свесно непостапување, односно злоупотреба на службената положба и овластувањето“, порача Арсовски.

Треба да знаете
Последни објави