Search

(Видео) Арсовски : СДСМ и Заев им кратат секој месец на наставниците по 5.660 денари

 

„Зоран Заев и СДСМ водат манипулативна политика кон професорите и наставниците од основните и средните училишта.Професорите и наставниците од основните и средните училишта се оштетени од политиките и манипулациите на Зоран Заев и СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Замислете, покрај покачувањето од 10% и тоталното непочитувањето на колективниот договор од 2010 година за просветарите, СДСМ и Заев им кратат од платите секој месец на професорите и наставниците по 5.660 денари. Во една година секој еден наставник земал плата 1100 евра помалку од тоа што му следува според колективниот договор.

Ги повикуваме СДСМ и Заев да почнат со исплаќање на платите според колективниот договор потпишан во 2010 година каде што платата ќе им изнесува според коефициентот на сложеност за пресметка на плата од 2,533, кој се множи со минималната плата и во тој случај платата ќе им изнесува 31.660 денари.СДСМ и Заев мора да прекинат со манипулативниот популизам.

СДСМ и Заев мора да сфатат дека на наставниците и професорите не треба да им ја потценуваат интелегенцијата, бидејќи тие се столбот на општеството и ги учат нашите деца.Веднаш по 12 април следува Обнова на Македонија. Ние не ветуваме популистички мерки, ние не ветуваме како Зоран Заев се само за да дојдеме на власт, ние само ќе работиме согласно Уставот и Законите. Законот вели дека треба да се почитува колективниот договор од 2010 година и така и ќе биде по 12 април“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави