Search

(Видео) Аријана Гранде, Лана дел Реј и Мајли Сајрус пуштија спот за песната „Call Me Angel“

Кон средината на ноември излегува новото (трето по ред) продолжение на популарното филмско остварување „Чарлиеви ангели“, во кое главните улоги ги играат Кристен Стјуарт, Наоми Скот и Ела Балинска. За целите на овој филм е снимена насловната песна „Call Me Angel“.

Оваа песна ја изведоа светските музички sвезди Аријана Гранде, Лана дел Реј и Мајли Сајрус, а судејќи според коментарите, песната требала да биде подобра и многумина очекувале дека Дел Реј ќе добие „повеќе простор“ при изведувањето на хитот.

 

Треба да знаете
Последни објави