Search

(Видео) Аплаузи и стоечки овации за лидерот на СДСМ, Зоран Заев

Аплаузи и стоечки овации за лидерот на СДСМ, Зоран Заев  
Спортскиот центар Борис Трајковски претесен за симпатизерите и членовите на СДСМ од Скопје и со апчаузи и на стоечки овации за лидерот Зоран Заев.

Нема скршнување од патот на победата, на прав пат сме, направивме многу и продолжуваме по патот на напредокот, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната голема граѓанска трибина „На прав пат“ во Скопје

„Убава е оваа глетка пред мене, глетка која ме прави радосен, расположен и бескрајно горд, глетка која кажува дека денес во Скопје сите патишта воделе кон оваа сала, а само еден пат води од салава до нашата главна цел. Тоа е патот за кој не постојат алтернативи, тоа е единствениот пат по кој се движиме, оти само за него знаеме. Ете затоа велиме на прав пат, силно верувајќи дека само правите и праведните се на прав пат, рече Заев.

Денес можеме гордо да кажеме: Времињата на несигурност и на нестабилност се зад нас, додаде претседателот Заев

-Нашата земја е на јасен, чист пат, заедно со најсилните сојузи во светот. Тргнуваме по пат кој ни обезбедува подобар и повисок стандард, посигурни граници и припадност кон семејство од нации ориентирани кон иднината. Од оваа најголема и благородна цел нема отстапување. На следните избори Северна Македонија ќе избира меѓу напредок и уназадување. Ние треба да ги охрабриме сите граѓани да изберат напредок. Зашто само тој избор е победнички, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев во обраќањето пред големиот број граѓани, над 10.000 граѓани кои дадоа силна поддршка.

 

Треба да знаете
Последни објави