Search

(Видео) Анѓушев: „Фени“ е првиот успешен стечај

„Фени индистри“ е првата успешно решена стечајна постапка во Република Македонија, изјави вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, по завршувањето на првиот македонско-бугарски бизнис-форум „Македонија – Бугарија 2019“.

Одговарајќи на новинарско прашање, Анѓушев подвлече дека стечајот на „Фени индистри“ завршил успешно со целосно исплатени доверители, и е пример за компанија која и во активен стечај продолжи да работи.

„Практично вчера или завчера судот ја затвори стечајната постапка и се надевам дека ‘Фени индистри’ ќе има сериозен придонес во економијата на нашата земја. Новите сопственици најавуваат и отворање на втората линија којашто би го дуплирала производството во ‘Фени индистри’, а тоа ќе значи и дуплирање на приходот на компанијата, односно на нивната економска активност, зголемување на бројот на вработени, а секако значи и значително учество во БДП на Република Македонија. Јас очекувам дека тоа ќе биде една стабилна компанија. Од тоа што јас го имам како информација, веќе од денеска просечните плати во Фени се над 500 евра, што е ветување на Владата кое практично таму почнува да функционира“, истакна Анѓушев.

Треба да знаете
Последни објави