Search

(Видео) Анаконда долга 8 метри се обви околу крокодил и го уби

Американскиот фотограф Кевин Доли успеа да сними борба помеѓу анаконда долга осум и пол метри и крокодил во водите на Амазон. Анакондата го обвила кајманот (мал вид крокодил) долг околу два метри и му ги скршила нозете. Но, крокодилот не се откажа, па ја каснал змијата која одвај се ослободила и отпливала понатаму, пренесува „Дејли мејл“.

Иако крокодилот се чинеше дека победи во оваа битка, од повредите здобиени од анакондата подоцна тој починал.

https://youtu.be/gCR8Hk05RXY?t=11

„Седнав во чамецот и ручав кога се случи тоа. Не можев да верувам, анакондата беше упорна и сè траеше околу осум минути“, рече Доли.

Зелената анаконда е најголемата змија во светот која може да порасне до 10 метри во должина и да тежи до 250 килограми. Убива така што ја завиткува жртвата со своето тело и ја стиска со силните мускули. Како и повеќето змии, анаконда може да го проголта плен поголем од своето тело.

Треба да знаете
Последни објави