Search

(Видео) Ако не ве нападнат змии и крокодили, ќе ве убие племето – Хрватски биолог на островот на смртта

Ако не ве нападнат змии и крокодили, ќе ве убие племето – Хрватски биолог на островот на смртта

Хрватскиот биолог Горан Шафарек неколку месеци помина во областа каде што живеат изолирани племиња во близина на островот Северен Сентинел во Индискиот Океан, каде што неодамна домородците убија американски турист.

Хрватската експедиција  им го раскажува на тамошните медиуми искуството од средбата со овој мистериозен и опасел дел од земјината топка, каде ако не ве изедат крокодили и змии, тогаш ќе настрадате од стрелите на племето.

Сентинел е познат во светот како остров на смртта, остров од кој никој досега не се вратил. Тој е дел од Андаманските Острови, се наоѓа во заливот Бенгал во близина на Индија. На тоа тло со векови живеат над 30 000 луѓе кои не сакаат да имаат контакт со остатокот од цивилизацијата.

Секој посетител го„поздравуваат” со отровни стрели, а на островот последниве години е забрането да се доаѓа. Неодамна на островот беше убиен Американецот Џон Ален Чау (27), а изминативе години се регистрирани и други слични убиства.

Андаманските Острови е област каде што движењето на странците е строго ограничено, но Шафарек вели дека е еден од истражувачите кои имале можност да престојуваат во областа три месеци.

,,Сите локални истражувачи со кои се дружевме нè предупредија на тој остров. Никој од нив никогаш не отишол таму бидејќи знаел како ќе заврши. Бевме само во делот на островот каде што беше дозволено да се движиме.Но, остатокот од островот е недопирлив за странците. Честопати моравме да поминеме низ територијата на племето Јараве. Вооружените чувари мораа да нè  чуваат заштитени бидејќи можеше да нè нападнат”, објаснува Шафарек.

Сите овие племиња, како и оние од островот Сентинел, живеат како во камено доба. Нивното единствено оружје е нивниот лак и стрела, носат само ткаенина или не носат ништо, а некои антрополози тврдат дека дури и не знаат како да запалат оган. Но, племето на островот Сентинел сè уште живее.

,,Има километри и километри џунгла. Комарци, крокодили, да не речам кралска кобра и краит, најотровната змија во  Азија, и бројни инсекти. Како преживуваат и остануваат таму, тоа е навистина неверојатно. Ако некој од странците и дојде таму, тоа племе веројатно ќе исчезне. Тие немаат имунитет на бактерии и вируси во нашиот свет. Пред неколку години дури беше забрането да се снима островот “, додава Шафарек.

Треба да знаете
Последни објави