Search

(Видео) Аки Рахимовски погребан со песната „Зошто си ме мајко родила“

Аки Рахимовски денеска беше испратен од најблиските роднини и колеги на загрепските гробишта Мирогој. Иако препораките беа да не се собираат голем број граѓани поради пандемиските мерки, повеќе стотици кои сакаа да ѝ оддадат почит на музичката легенда беа собрани пред мртовечницата. Меѓу нив и бројни хрватски музички ѕвезди-Хусеин Хасанефендиќ Хус, Дино Јелушиќ, Нина Бадриќ, Џибони и Јурица Паѓен. .. Меѓу присутните беа и легендарниот ватерполист Дубравко Шименц, но и Љубе Бошковски. Пристигнаа венци од Владата на Република Хрватска, претседателот Зоран Милановиќ и градоначалникот Томислав Томашевиќ.

Ковчегот на Аки Рахимовски беше покриен со знамето на Македонија, а на него имаше црвени рози. Емотивниот говор на неговата ќерка Едина трогна многумина до солзи.

„Еднаш рече дека е лесно да се биде висок, но тешко е да се биде голем, голем човек.Ти благодарам тато што ме научи дека човдкот е само мал под ѕвездите. Ајде бегај, така ми кажа, бегај ќерко. Бегај тато затоа што им е досадно без тебе. И само така ти знај, само ти тато, и никој како тебе, рече таа.

„Те сакам тато“, го завршила својот говор.

Емотивниот говор одржа и Хусеин Хасанефендиќ Хус, кој во неколку наврати мораше да прекине бидејќи плачеше.

– Постојано размислувам за таа проклета сабота. Мислам, можеше ли да биде поинаку. Аки го вдишуваше живот со полни плуќа, живееше најмалку 2-3 животи. Таква личност мораше да си замине со голема експлозија, како супернова. Беше и паун и кловн, се што требаше. Даваше се за луѓето пред нас, за публиката. Кога пееше тага, сите тагуваа, кога пееше среќа, сите играа. Тоа беше воз што не застана. Секогаш одеше. Брзо патувавме. Се надевам само дека сега е спокоен и дека го нашол мирот што го бараше, изјави расплаканиот Хус, по што на многумина им потекоа солзи бидејќи на разглас беше изведена песната на Аки „За малку нежност“.

Аки беше испратен со двете омилени македонски песни,едната „Зошто ме роди мајка ти“. Потоа поворката беше придружена со текст од песната „My way“ на Френк Синатра и „I’m sailing“ од Род Стјуарт.

Следуваше погребна поворка, предводена од неговите внуци Дејвид и Филип, носејќи негова фотографија.

Треба да знаете
Последни објави