Search

(Видео) Адетокумбо пред звукот на сирената стави печат на победата за Милвоки

Милвоки на свој терен го победи Шарлот (127:125) во еден од најинтересните мечеви од деветте одиграни ноќеска во кошаркарската НБА лига. Јанис Адетокумбо одигра добра партија и пред звукот на сирената стави печат на победата за Милвоки пред своите навивачи. Натпреаврот го заврши со 40 поени, 12 скокови и девет асистенции.

Кај гостите, меч на кариерата одигра Ламело Бол кој постигна 36 поени, но и тоа не беше доволно за победа на Шарлот. Токму Адетокумбо беше играчот кој не дозволи Бол инеговиот тим да се надеваат на победа, откако при резултат 125:125, во последниот напад на домаќините, Гркот даде поени за победа, на две секунди до крајот.

По поразот во претходниот натпревар Далас им се врати на победите. Предводени од Лука Дончиќ славеа гостинска ппобеда кај Њу Орлеанс со 139:107. Словенецотоствари дабл-дабл учинок уште во првото полувреме. На крајот мечот го заврши со 28 поени и 14 асистенции. Најефикасен натпреварот беше Инграм од редовите на „пеликанс“ со 29 поени.

Далас може да биде задоволен бидејќи повредата на Порзингис не е сериозна, па тој се појави на паркетот уште на овој натпревар и оствари дабл-дабл ское од 20 поени и 10 скока.

Никола Јокиќ оствари дабл-дабл со 18 поени, 15 скокови, но тоа не помогна Денвер да го избегне поразот од Орландо на гостински терен. Ентони со 24 поени го предводеше победничкиот тим. Најефикасен кај Далас беше Морис со 22 поени.

НБА резултати: Њу Орлеанс – Далас 107:139, Орландо – Денвер 108:103, Индијана – Атланта 111:114, Вашингтон – Минесота 115:107, Бостон – Филаделфија 88:87, Мајами – Кливленд 85:111, Милвоки – Шарлот 127:125, Оклахома – Хјустон 110:114, ЛА Клиперс- Сакраменто 115:124.

Треба да знаете
Последни објави