Search

(Видео) Адеми со роденденски погодок на контролниот меч против Интер Запрешиќ

Повеќекратниот хрватски фудбалски првак Динамо Загреб подготвувајќи се за продолжението од сезоната која е прекината поради пандемијата со коронавирусот одигра пријателски натпревар со Интер Запрешиќ (4-1). За тимот од Максимир настапи и капитенот на „модрите“ македонскиот репрезентативец Аријен Адеми кој беше стрелец на вториот гол со кој Динамо направи резултаски пресврт и до крајот стигна до убедлив триумф.

Адеми денеска со погодокот си го честиташе својот 29. роденден.

https://youtu.be/_dUcvLA3Vlw

Хрватското првенство треба да продолжи на 5. јуни, а еден ден подоцна Динамо Загреб треба да му гостува на денешниот спаринг-партнер Интер Запрешиќ.

Треба да знаете
Последни објави