Search

(Видео) Автомобил удри и крена во воздух полицаец во Њујорк

Според извештаите на американските медиуми, кои ги потврдува и снимка од руската РТ, синоќа во Њујорк бил прегазен полицаец.

Во видеото објавено од „Руптли“, снимено во Бронкс, се гледа дека возач на автомобил прегази полицаец, кој од силината на ударот летна во воздух и падна меѓу автомобилот што удри во него и друг автомобил во движење.

„Њујорк пост“ пишува дека полицаецот ја преминувал улицата кога возачот на темно возило додал гас и тргнал директно кон него.

Возачот потоа продолжил понатаму, а според последните извештаи на медиумите, полицаецот ќе преживее.

Сличен случај синоќа беше регистриран и во Бафало, во сојузната држава Њујорк, каде џип влета во полициски кордон.

Во САД седми ден по ред се протестира поради убиството на Џорџ Флојд, а има повредени полицајци, но и демонстранти.

Треба да знаете
Последни објави