Search

(Видео) Автобус се преврте во езеро во Кина, најмалку 20 загинати

Кинеските власти денеска соопштија дека 21 лице загинале откако автобус ја пробил заштитната ограда покрај патот и се превртел во езеро во југозападниот дел на земјата.

Засега не е позната причината за несреќата.

Инцидентот бил забележан од блискиот видео надзор. Автобусот ненадејно свртел и се превртел во езерото Хонгшан.

Локалните власти соопштија дека се спасени 15 лица и веднаш пренесени в болница, а автобусот бил извлечен од езерото.

Меѓу патниците имало и ученици кои тргнале на приемни испити, кои денеска се одржуваат во Кина.

Треба да знаете
Последни објави