Search

(Видео) Авион со дрога слета и се запали на пат во Мексико

Мал авион, за кој се претпоставува дека пренесувал дрога, се запали откако слетал на пат во јужната мексиканска држава Кинтана Ро.

Не се знае дали авионот принудно слетал и се запалил или криумчарите го запалиле. На снимките кои ги објави полициски претставник на земјата, се гледа како се издигнува чад од авионот, кој се наоѓа на рурален пат со две ленти.

Секретарот за јавна безбедност Алберто Капеља изјавил дека авионот може да се доведе во врска со нелегални активности. Сајтот „Авијејшн Сејфти Нетворк“ го идентификува авионот како повеќедецениски стар БАе-125, со 15 патнички места.

Треба да знаете
Последни објави