Search

(Видео)Ја ограбиле златарницата за една минута, двајца краделе, третиот стражарел со пиштол

Новинарката од Прилеп, Каролина Дурло на својот Фејсбук профил постираше видео од грабежот на златарницата, утрово во старата прилепска чаршија. На видео снимката, од камерата на еден од соседните дуќани се гледа како двајца маскирани ја ограбуваат златарницата.

https://www.facebook.com/karolina.durlo.5/videos/10212503565599606/?t=15

-Утринава во дуќан – златара во старата чаршија во Прилеп извршено е разбојништво од три засега непознати лица. Во 8.40 часот сопственичката влегла во дуќанот и зад себе ја заклучила влезната врата по што започнала да го вади накитот од сефот. Во тој момент, две лица го скршиле стаклото од излогот и вооружени со пиштоли влегле внатре, барајќи од сопственичката да им го даде накитот и парите. За тоа време трето лице било надвор пред дуќанот и вооружен ги бркал случајните минувачи. Откако ги зеле паричните средства и накитот, трите лица со бегање се упатиле кон патничко моторно возило со гостиварски регистарски ознаки и побегнале од местото на настанот. Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи изврши увид на лице место.  Издадени се наредби за прибирање траги и докази од лице место, за обезбедување на видео запис од видео надзорот. Дејствијата на Основното јавно обвинителство Прилеп се одвиваат во континуитет за расчистување на кривично правниот настан, рекоа од ОЈО.

Треба да знаете
Последни објави