Search

(Видео)Хаос во Украина: Каменувани автобуси со Украинци евакуирани од Кина

Украинците евакуирани од Кина заради коронавирусот се однесени во санаториум во градот Нови Санџари, а жителите на овој град се обиделе да го запрат минувањето на автобусите низ местото, гаѓајќи ги со камења.

Дошло и до тепачка, но полицајците успеале да ги отстранат демонстрантите и да го обезбедат минувањето на автобусите со евакуираните од Кина, јавија украинските медиуми.

https://youtu.be/1A0H10YsoEY

Заради судирот со полицијата неколку демонстранти се приведени.

За пренесување на евакуираните од Кина биле ангажирани седум автобуси. Лицата носеле инхалатори, додека возачите на автобусите биле облечени во специјални заштитни одела.

https://twitter.com/koshmar_liberal/status/1230463246685081600

Треба да знаете
Последни објави