Search

(Видео+Фото) Искрено со Нора Шакири-Марковиќ:„Да не го добиев Ијан сигурно ќе посвоев дете!“

Поранешната новинарка Нора Шаќири-Марковиќ веќе неколку месеци е в.д. директорка на Tеатар „Комедија”. По разрешувањето на претходниот, сега таа е вршител на оваа должност и вели дека добро ѝ оди.

„Не очекував дека толку ќе биде стресно, а освен што оваа работа бара одговорност, јас сум многу блиска со моите колеги, заедно пиеме кафиња, а тие ме прифатија и како нивни претпоставен. Иако за мене тоа е само на хартија, но, ние пред сè многу се дружиме и функционираме супер”, искрена е Нора.

Разговорот го правевме пред Велигден и во пресрет на Рамазан бајрам. Зборувавме за празниците во нивното семејство, и христијанските и муслиманските, па и како е да се биде во мешан брак со музичарот Марко Марковиќ.

„Јас цел живот растев со предрасуди па така и ова со Марко не помина без прашања. Имаше сешто: па како ќе се вика син ви, како ќе зборува, дали ќе го обрежете. Види, јас не јадам свинско и тоа сите го почитуваат, ама тоа нема врска со моето дете. Јас навистина не гледам кому би му давала објаснување. Марко е полабав на оваа тема, може и нему му зборувале, ама верувам дека би ми кажал”, вели Нора.

Откако се породи со Ијан, чие име било желба на Марко, вели дека е пресреќна. Вели дека тешко забременила поради проблемите со тироидната жлезда.

„И тамам кога помислив да направам ин витро или да посвојам дете, се појавија две цртки на тестот за бременост. Не можев да верувам дека тоа се случува”, раскажува Нора. Тука ни ја раскажа и приказната за името на Ијан, за кој Бени се шегувал со Марко дека треба да носи име по нивниот дедо Дурак.

„Среде ручек нè седна, мртов сериозен, да му каже на Марко дека, ете, сега откако немаме татко, традиција кај нас Албанците е името на детето да биде по дедото. Марко го гледа, овој сериозен, тука мајка му се уфрли… драма. Сето ова беше супер шега, сепак Ијан доби име по желба на татко му”, раскажува директорката на Театар „Комедија”…

Преземено од Екран

Треба да знаете
Последни објави