Search

(Видео) Евра: Алиоски заслужува да добие оскар за глума

Дуелот меѓу македонскиот фудбалски репрезентативец Езџјан Алиоски од редовите на Лидс и Николас Пепе од Арсенал, по кој играчот на „топчиите“ доби црвен картон е тема на денот во англиската спортска јавност по мечот од 9. коло кој заврши без победник (0:0). Најскапиот фудбалер во историјата на Арсенал, во 52.минута, мораше да го напушти теренот во Лидс, откако судијата со помош на ВАР-технологијата одлучи да го испрати предвреме во соблекувалната. Пепе со овој потег, дополнително го навлече гневот на својот менаџер Микел Артета.

-Тоа е неприфатливо. На ова ниво не можете да правите вакви глупости, изјавил Артета.

Натпреаврот со Лидс беше само втор во Премиер лигата, кој Пепе  доби доверба да го почна во стартната постава откако во летото во 2019 година, за сума од 80.000.000 евра од Лил се пресели во Лондон.

Стручниот аналитичар на Скај Спорт, Патрис Евра, вчера јавно го искритикува македонскиот интернационалец Алиоски, за кого кажа дека треба да добие оскар за глума, за реакцијата која претходеше на исклучувањето на Пепе. Французинот на почеток од вториот дел го удри Алиоски, а за тој потег легендарниот Евра смета дека реакцијата на Македонецот била помалку и претерана.

-Алиоски заслужува да добие оскар за својата реакција. Падна како Пепе да му скршил нос, е коментарот на Евра.

Треба да знаете
Последни објави