Search

(Видео)Во Грција запленети над еден тон кокаин, уапсени шестмина Албанци

Грчката полиција прекинала меѓународен синџир за шверц на дрога во Европа и северозападна Африка од Карибите при што се запленети 1,18 тони дрога и уапсени осум осомничени членови на групата од кои повеќето се албански државјани, јави „Катимерини“.

Вредноста на запленетата дрога се проценува на 50 милиони евра. Освен дрогата запленети биле нешто повеќе од 233 000 евра, „калашников“, три пиштоли и 19 мобилни телефони.

Шестмина се Албанци, а албанскиот весник „Панорама“ тврди дека Александар Пемај, кој е познат како еден од главните организатори на албанското подземје во Грција, е меѓу уапсените.

Акцијата била во соработка со американската ДЕА. Дрогата, наводно ја платил албански државјанин, а клучен оператор на операцијата е Арап кој живее во Шпанија, соопшти грчката полиција.

Треба да знаете
Последни објави