Search

(ВИДЕО)ВМРО-ДПМНЕ: Марин да одговори дали имал финансиски интерес од организација на прославата

Вчера вечер сите бевме сведоци како илјадници евра наши пари беа фрлени во вода, за приватна забава на Златко Марин, посетена од едвај педесетина луѓе, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Наместо да сработи нешто корисно за општина Аеродром, градоначалникот веќе две недели се занимава исклучиво со роденденската прослава, на која доживеа дебакл. Дали Златко Марин имал финансиски интерес од организација на прославата? Kако е ангажирана фирмата за озвучувањето и осветлувањето на роденденот, имајќи во предвид дека општина Аеродром имаше два неуспешни тендери за избор на фирма која ќе го намести истото? На кој начин се ангажирани изведувачите? На чија сметка се уплатени парите од спонзорите на роденденот, имајќи во предвид дека од страна на Советот на општината не е донесена одлука за примање на спонзорства и донации? Ова се прашања на кои градоначалникот е должен да ги одговори. Иако истите му беа поставени како советнички прашања, Марин избегна да им одговори на советниците, па затоа вака јавно го прашуваме.

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за сите овие прашања и нелогичности ќе поднесе претставка  до Државната комисија за спречување на корупцијата, со барање да го испита овој случај и да поведе соодветни законски постапки. Златко Марин е ист во лагите и во сомнителното работење како Зоран Заев и Стево Пендаровски.

Ние не сакаме општина и држава која ќе биде уништувана од разно разни политичари, чија единствена цел е злоупотреба на власта за лични интереси. Аеродромци ги препознаваат лагите и манипулациите. Гласот за Стево Пендаровски е глас за поддршка на Зоран Заев, Петре Шилегов и Златко Марин. Затоа сите масовно ќе ја поддржиме Гордана Сиљановска Давкова за претседател на Република Македонија.

Треба да знаете
Последни објави