Search

ВИДЕО:Божиќниот панаѓур во Стразбур повторно отворен по нападот

Божиќниот панаѓур во францускиот град Стразбур денеска е повторно отворен, по помалку од три дена откако радикалниот исламист Шериф Чекат изврши терористички напад во кој загинаа три лица, а беа повредени десетина.

Чекат беше убиен од фрнцуската полиција во четвртокот вечерта, кога по дводневна потрага по него, специјалци го пронашле и се обиделе да го уапсат. Притоа тој отворил оган кон полицијата, која возвратила на пукањето и го застрелала.

Источниот француски град Стразбур во голема мера беше блокиран, додека повеќе од 700 полицајци и војници трагаа по осомничениот напаѓач, објави „Би-би-си“.

Дваесет и деветгодишниот Чекат е роден во Стразбур и има алжирско потекло. Тој имал дури 27 пресуди за кривични дела, поради кои неколку години минал по затвори во Франција, Германија и Швајцарија, пишуваа француските медиуми. Наводно тој се радикализирал за време на служењето на затворските кани. За време на нападот тој викал „Алах акбар“ (Бог е голем), а Исламската држава презеде одговорност за неговиот напад, тврдејќи дека е нивен војник.

Министерот за внатрешни работи на Франција, Кристоф Кастанер, присуствуваше на повторното отворање на саемот кои се рекламира како главен град на Божиќ и привлекува околу два милиони посетители секоја година.

Градоначалникот на Стразбур, Роланд Рис, најави строги безбедносни мерки, што може да се види и на фотографиите од отворањето.Влегувањето го ограничивме со повеќе контролни пунктови за прегледување на облека и чанти. Го намаливме боројот на влезови со поголема контрола и подобро ги распоредивме полициските сили“, рече градоначалникот за медиумите.

Треба да знаете
Последни објави