Search

(Видео)Бобан Илиќ повторно осуден на 6 години затвор за прегазувањето на малиот Алмир

Бобан Илиќ повторно е осуден на шест години затвор за прегазувањето на четиригодишниот Алмир.

Ова е втора првостепена пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.

Илиќ првично се товареше за убиство со умисла, но во фаза на завршни зборови обвинителството направи преквалификација.

Како објаснување за ваквиот чекор од обвинителството тогаш го посочија тоа што кога било покренато првичното обвинение за убиство со умисла, доцнеле вештачењата – психијатриското и техничко-сообраќајното. Како што наведе тогаш обвинителката, пред да се случи прегазувањето на малиот Алмир што се гледа на снимката објавена во јавноста, Бобан Илиќ и неговите брат и девојка биле физички нападнати и им го оштетиле автомобилот, но тој дел од снимката не бил објавен јавно. Девојката која била со двајцата браќа, се јавила и во полиција за да побара помош.

Четиригодишниот Алмир Алиу беше прегазен пред Здравствениот дом во Куманово на 25 јуни 2016 година, по банална расправија во болницата.

Таткото на малиот Алмир по денешната пресуда изјави дека со ова одлука судот уште еднаш го уби Алмир.

Видео: Алсат

https://www.facebook.com/AlsatMTelevision/videos/2366778680250779/?t=0

Треба да знаете
Последни објави