Search

(Видео)Без голови во Ливерпул и Лион: Барселона не постигна гол првпат сезонава во ЛШ

Без голови поминаа вечерашните две средби од осминафиналето на Лигата на шампиони.

„Ливерпул“ беше подобар од „Баерн“, особено во првиот дел, но домаќините не ги искористија своите шанси, пред се Садио Мане, кој не се снајде најдобро на два пати во шеснаесетникот на „Баерн“. Во продолжението „Ливерпул“ го намали ритамот, но и гостите се ослободија од притисок во нивната половина. „Црвените“ нападнаа пожестоко во последните 20 минути, но ниту тоа не вроди со плод.

https://youtu.be/Z1atiMVKsvY?t=252

Во Лион домашниот тим ремизираше со „Барселона“, иако гостите доминираа, можеа да слават победа. Во деветата минута Дембеле извонредно шутираше, но Тер Штеген уште подобро реагираше и ја одби топката во пречка. До крајот „Лион“ немаше посериозни закани кон голот на гостите, а фудбалерите на „Барселона“ немаа решение за одличниот голмн Лопез. За „Барселона“ ова беше само втор натпревар во последниве 39 сезонава, но втор по ред, на кој не постигнала гол.

https://streamable.com/ikjks

Треба да знаете
Последни објави