Search

(Видео)Англиски навивачи без влезници направија неред и го пролонгира почетокот на финалето во ЛШ

Финалниот натпревар од фудбалската Лигат на шампионите во Париз меѓу Ливерпул и Реал Мадрид  започна со задоцнување повеќе од половина час поради проблемите кои ги направија навивачите на англискиот тим. Иако УЕФА како причина за двојното одложување на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул што се игра на стадионот „Франција“ ги наведе безбедносни проблеми, медиумите објавуваат дека станува збор за тоа што неколку илјади навивачи на Ливерпул без билети влегле на стадионот, додека пред него има илјадници навивачи со билети кои повеќе од два часа чекаат да влезат на стадионот и да го гледаат натпреварот.

Пред стадионот интервенирала и француската полиција која во обидот да спречи да влезат без билети, употребила солзавец врз навивачите на Ливерпул иако меѓу нив имало и деца.

Треба да знаете
Последни објави