Search

Вељаноски до Пендаровски: И Андов го извести Црвенковски дека не е избран претседател на Собрание, па не беше суден за тероризам

Трајко Вељаноски, поранешен претседател на Собранието, му одговори на шефот на државата Стево Пендаровски дека Претседателот бил редовно информиран за исходот од конститутивните седници на Собранието откако Вељаноски вчера укажа дека на првата седница немало ниту предлог за нов претседател на Парламентот.

Вељаноски испрати допис до медиумите во врска со, како што наведува, вчерашната изјава од Кабинетот на претседателот на државата г-н Стево Пендаровски дека ‘Во 2016 година, тогашниот претседавач, Трајко Вељаноски испратил допис датиран на ден 30 декември 2016 година, со кое го информира тогашниот претседател Иванов дека Собранието е конституирано со верификација на мандатите иако не е избран претседател’, сакам да ја известам јавноста, но и претседателот Пендаровски дека тоа не бил прв случај иако не бил избран претседател на Собранието на РМ и била прекината седницата, нејзиниот претседавач да го известува претседателот на државата дека е конституирано Собранието.

„Прв таков случај беше во 2006 година при конституирање на петтиот парламентарен состав – на конститутивната седница одржана на 27 јули 2006 година тогашниот претседавач г-н Стојан Андов ја прекина седницата после третата точка без да се изврши избор на претседател на Собранието на РМ бидејќи немаше предлог за претседател на Собранието на РМ и ја одложи седницата, но истовремено на 27 јули 2006 година г-н Стојан Андов како претседавач а не како претседател на Собранието на РМ го извести претседателот на РМ дека е конституирано Собранието иако не беше избран негов претседател. И врз основа на тој допис од претседавачот Андов тогашниот претседател на РМ г-н Бранко Црвенковски на 28 јули 2006 година го достави мандатот на тогашниот мандатар. Но за среќа тогашниот претседавач г-н Стојан Андов не беше суден за тероризам во тоа време“, наведува Вељаноски.

https://www.facebook.com/permalink.php?story_fbid=3455489457803507&id=760466610639152&__xts__%5B0%5D=68.ARCjm3c8B1CGNrGKlDSKTgVZs5oH3Z7Ncpr2YknDXc5xyHjBgyYGIpxP1qvISklHCyxNQWy5LTPaQEKVGxaTY3D58uXrjrYj06_q0VZU1c9zRcd-APR_sLvYSqgwKpsp-m9oh3e4Pdz1Vf704hicedxZ46Ikfxa37fX6eYhmPum9PT_xud5zQar00z6WheIelCKWWL74szHAS77GqoEwcHs67BD9xT9D_J0SqOjpL0byGrwzxUyGd_rRO72mJ1VcI_0WohQaEaTKMEmfsMdF7B-V6stmxOxvbjR-LCBU5rdSGloCDS0n5zb9da1q0pRyPE3wRhJwX8cS3z6ESM8Nsw&__tn__=-R

Треба да знаете
Последни објави