Search

Вељановски го напушти судот: Јас да бидам организатор? Срамота е

Поранешниот претседател на парламентот, Трајко Вељаноски, го напушти Основниот суд Скопје 1, каде што беше повикан на распит за насилниот упад во Собранието од 27 април 2017 година.

Тој не сакаше да даде изјава за мидиумите, само истакна дека дал исказ пред судот и дека не чувствува вина за упадот. Вељаноски посочи дека не бил дел од организацијата на насилните настани. Вељаноски е пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и има пратенички имунитет.

-По дифолт секој што е пратеник има имунитет. Не, ве молам, 10 години сум бил претседател на Собрание, и јас да бидам организатор? Срамота, кратко изјави Вељаноски по излегувањето од судот.

Полицијата вечерва ги приведе поранешниот претседател на парламентот и двајца поранешни министри, односно Спиро Ристоски и Миле Јанакиески, поради настаните од крвавиот четврток.

Треба да знаете
Последни објави