Search

Вештерството не е ништо ново во францускиот и африканскиот фудбал

Пол Погба и неговиот постар брат, Матијас Погба последните месеци се на насловните страници на спортските медиуми, откако Матијас наводно го уценувал Пол со откритие дека ангажирал вештер по име Ибрахим „Гранде“ да му фрли клетва на Килијан Мбапе пред мечот помеѓу Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен во 2019 година.

Иако ова беше чудно за многу фудбалски фанови низ светот, не е ништо ново во светот на францускиот и африканскиот фудбал, а најпознати се случаите н Пари Сен-Жермен во 1997 година и на Сенегал на Мундијалот во 2002 година.

Во 2002, „Лавовите од Теранга“ го најмија Нгој Лингуел Мбаје како „официјален вештер“ за турнирот. Нивниот селектор, Французинот Бруно Мецу изјави дека „можеби двајца-тројца го сфаќаат тоа сериозно“, но Сенегал тогаш стигна до четврт-финалето, како втора африканска репрезентација во историјата (по Камерун во 1994), победувајќи ja Франција со 1:0.

Емануел Пети, член на француската репрезентација верува дека имало „нешто“.

„Една година пред Светското првенство во 2002, бев на плажа во Франција и се сретнав со еден сенегалски продавач. Тој дојде и ми кажа: ‘Види, на Светското првенство за една година, Франција ќе игра со Сенегал и ќе загуби со 1:0 бидејќи нашите вештери се силни. Ќе видиш’. Не бев уверен во тоа додека не се случи навистина една година подоцна“, открива Пети.

ПСЖ, пак, имаат уште поинтересна приказна во 1997 година. По службениот пораз во квалификциите за ЛШ од 3:0 од Стеауа Букурешт, тогашниот претседател на ПСЖ, Мишел Денисо се обрати до Сиди, уште еден славен вештер од Париз. По неколку консултации (кои го чинеа по 200 евра), Сиди му кажа дека „ПСЖ ќе победи со 5:0, а четвртиот гол ќе биде постигнат од бројот 18 во 41. минута“. ПСЖ победи со 5:0, а Флоријан Морис, кој ја носеше 18-ката, го постигна четвртиот гол во 40. минута.

По ова, Денисо постојано работеше со Сиди, и во ПСЖ и пото во третолигашот ЛБ Шатеру, со кој стигнаа до финалето на Купот на Франција во 2003/04, пред да загубат со 1:0 од ПСЖ.

„Продолжив да го користам талентот на мојот марабу, вклучувајќи и во Шатеру, годината кога стигнавме до финлето. Додека не згреши во последната проценка, работев на основа на логиката“, напиша Денисо во својата автобиографија.

Треба да знаете
Последни објави