Search

Вечерва пукотница со калашников на улиците во Загреб

Вечерва пукотница со калашников на улиците во Загреб

Кавга меѓу две семејства е причината за вечерашната пукотница со калашников на улиците на Загреб.

Најмалку 30 куршуми се испукани вечерва во Загреб во пукотницата поради кавга на две ромски семејства. Најмалку седум автомобили се уништени , кога членовите на семејствата решиле да се пресметаат во населбата Вукомирец.

Додека траела неконтролираната рафална стрелба , вистинска паника владеела во блиското училиште , каде во дворот децата и родителите спасувале жива глава.

За среќа никој во престрелката не е повреден , а полицијата уапсила седум лица , членови на раскараните семејства. Уште 11 лица биле приведени на распит во полициската станица .

Соседите , видно вознемирени и шокирани од настанот , велат дека им е доста од ваквите криминалци и дека полицијата треба да биде поактивна во нивната околина.

Треба да знаете
Последни објави