Search

Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Вечерва, со почеток во 19 часот, во дворот на Кинотека на С. Македонија, ќе започне 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити со филмот за бендот Њу Ордер, „Декади“. Оваа година Њу Ордер се артисти во фокус на Фестивалот и овој филм е еден вид посвета за бендот. Секое издание на Скопје Синема Сити го отвора филм за одреден артист, на кого му се посветува изданието и му се доделува Награда за животно дело за заслуги за музиката и филмот. Оваа година тоа се Њу Ордер, на кои Фестивалот им ја испрати наградата во Манчестер. Со филмот „Декади“ на Мајк Кристи ќе започне првиот дел од Фестивалот, односно проекциите на 19 и на 20 септември.

 

За време на овој прв дел од Фестивалот, ќе бидат прикажани 4 филмови. На 19.9 ќе бидат прикажани филмовите „Њу Ордер – Декади“ и „Антон Корбејн: Изнесено на виделина“, додека на 20.9, која ќе биде всушност џез-вечер, ќе се прикажат филмовите „Го викав Морган“ и „Бил Фрисел – Портрет“. Помеѓу овие два филма, со свој сет ќе настапи реномираниот гитарист Сашо Поповски со соло гитара.

 

Фестивалот е во организација на здружението Номад-Арт Скопје, а визуелните решенија се дело на Дијана Димитриевска. Фестивалот е помогнат од Агенцијата за филм на РСМ и е организиран во соработка со Кинотека на С. Македонија.

 

 

Треба да знаете
Последни објави