Search

Вечерва големо женско кошаркарско дерби во Кисела Вода

Љубителите на кошарката, вечерва во Кисела Вода ќе имаат можност бесплатно да проследат големо женско кошаркарско дерби.

Во спортската сала „Независна Македонија”, со почеток во 19:20 часот, во рамките од 13 коло во првата лига силите на теренот ќе ги одмерат кошаркарките на „Бадел 1862″ и на „Вардар”.

ЖКК „Бадел 1862″ од Кисела Вода изминатиов период оствари одлични резултати на повеќе меѓународни и домашни натпреварувања.

 

Треба да знаете
Последни објави