Search

Ветеран на Бетис со престижен рекорд во Шпанија

Реал Бетис попладнево постигна важна победа од 3:2 против Атлетик Билбао. Покрај 5-те голови што паднаа во натпреварот, натпреварот ќе биде запаметен и по едно уникатно достигнување.

Сите три гола за Бетис ги постигна Хоакин. 38-годишниот играч од средниот ред реализираше во 2-та, 11-та и 20-тата минута од натпреварот. На овој начин шпанскиот ветеран не само што постигна „хет-трик” за само 18 минути, туку и го подобри одличниот 50-годишен рекорд на големиот Алфредо Ди Стефано.

Хоакин стана најстариот фудбалер што постигнал „хет-трик” во шпанската Ла Лига. Досега рекордот го држи Ди Стефано, кој постигна три гола во еден натпревар во 1964 година, кога имаше 37 години.

Инаку, Бетис се искачи на 11-тото место откако тимот собра 22 поени. Атлетик Билбао се на 6-то место со 26.

Треба да знаете
Последни објави