Search

Ветеранот Скола: Дојдов тука да играм и го правам токму тоа

Големиот марш на Аргентина до финалето на Светското првенство во кошарка го предводи легендата на тимот Луис Скола. 39-годишниот Аргентинец забележа 28 поени и 13 скока во победата на „гаучосите” над Франција во полуфиналето на Мундијалот.

Скола по мечот изјави дека сè уште ужива да игра и дошол во Кина да го стори токму тоа.

– Пред две години, реков дека овој тим врати многу спомени од златната генерација што ја имавме пред околу 20 години. Многу луѓе мислеа дека сум луд. Денес не мислам дека сум толку луд. Ние сме на исто место како во 2002 година. Сакам да играм и да правам работи на теренот. Мислам дека сè уште можам да го сторам тоа. Се чувствувам непријатно кога некој ќе ми каже што можам да донесам во соблекувалната или на клупата. Дојдов тука да играм и го правам токму тоа, категоричен е ветеранот.

Треба да знаете
Последни објави