Search

Вест Хем подготвен да плати 40 милиони евра за Перишиќ

Премиерлигашот Вест Хем е сериозно заинтересиран во своите редови да го донесе фудбалерот на Интер, Иван Перишиќ. За таа цел, според „Газета дело Спорт” раководството на клубот од Лондон е подготвено да издвои 40 милиони евра.

Се шпекулира дека и Манчестер јунајтед го сака Хрватот во своите редови и дека тој ќе им биде една од главните цели во летниот трансфер прозорец.

Вест Хем на 30-годишен фудбалер, му нуди тригодишен договор и плата од пет милиони евра.

Сепак за трансферот на Перишиќ треба да се праша и Интер кој не сака да го пушти својот играч за сума помала од 60 милиони евра.

Перишиќ има важечки договор со „неро-азурите” до 2022 година.

Оваа сезона хрватскиот репрезентативец за Интер одигра 27 натпревари постигна шест и направи пет асистенции.

Треба да знаете
Последни објави