Search

Вест хем го елиминираше Јунајтед од Купот, Челзи и Тотенхем преку пенал рулетот во следната рунда

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед загубија дома од Вест Хем со 1:0 и доживеаја елиминација во 1/16-финалето од Лига Купот на Англија. Вест хем ја искористи шансата и им се одмазди на „ѓаволите“ за поразот во Премиерлигата, додека Арсенал и Лестер запишаа сигурни триумфи.

Ланзини го израдува тимот од Лондон со голот во деветтата минута, по што „ѓаволите“ доминираа во остатокот од мечот, но не успеаа да постигнат израмнувачки погодок, па мораа да се збогуваат од Лига Купот.

Арсенал славеше со 3-0 против Вимблдон, додека Лестер беше подобар од Милвол со 2-0 со головите на Лукман и Ихеаначо.

Во следната рунда се пласираа и Челзи и Тотенхем по подобро изведување на пенали.

Европскиот шампион славеше на пенали (4:3) по ремито 0:0 со Астон Вила, додека Тотенхем и Вулверхемптон одиграа 2:2, а „мамузите“ триумфираа со 3:2 во пенал рулетот.

Треба да знаете
Последни објави