Search

Вест Хем го донесе Агуерд за 30 милиони фунти

Англискиот фудбалски прволигаш Вест Хем го ангажираше мароканскиот репрезентативен дефанзивец Најеф Агуерд, потпишувајќи петгодишен договор со досегашниот играч на француски Рен.

Според британските медиуми, Вест Хем за 26-годишниот Агуерд платил обесштетување од 30 милиони фунти, а можни се и дополнителни бонуси.

Агуерд во сезоната која измина одигра 40 натпревари за Рен и беше меѓу најзаслужните за освоеното четврто место во француското првенство и пласманот во осминафиналето во Конференциската лига.

Во дресот на репрезентацијата на Мароко има 25 натпревари од дебито во 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави