Search

Вестбрук го забележа 107-миот трипл дабл во кариерата

Расел Вестбрук ја обележа победата на Оклахома Тандер над Кливленд Кавалирс 100:83. Бекот на Оклахома го забележа 107. трипл-дабл во кариерата и на вечната листа се искачи на третото место. На оваа листа Вестбрук го мина Џејсон Кид.

Рас дуелот со Кливленд го заврши со 23 поени, 19 скока и 15 асистенции. На вечната листа тој е на третото место, пред него се само Оскар Робертсон (181) и Меџик Џонсон (138).

Инаку, дуелот со Кливленд играчите на Оклахома го решија во финишот на третиот и почетокот на последниот квартал, кога со серија 17:2 создадоа предност од 20 поени.

Покрај Вестбрук кај Оклахома се истакнаа уште и Џереми Грент со 21, односно Пол Џорџ со 18 поени.

Треба да знаете
Последни објави