Search

Весели уште три години во Фенербахче

Кошаркарот Јан Весели го продолжи договорот со Фенербахче до 2022 година, објавен денеска клубот од Истанбул.

Весели кој важи за еден од најдобрите центри во Европа, потпиша нова соработка со Фенербахче само еден ден по освојувањето на турскиот куп.

Тој во Фенербахче е од 2014 година. Со турскиот тим има трофеј во Евролигата и две титули во Турција.

Во својата кариера, Весели има настапи во НБА за екипите на Денвер и на Вашингтон. 

Треба да знаете
Последни објави