Search

Верхофстад: Време е Орбан да престане да ги финансира анти-ЕУ и анти-НАТО силите во Северна Македонија и Словенија

– Пратеникот во Европскиот парламент и поранешен лидер на Алијансата на либералите и демократите за Европа (АЛДЕ) Ги Верхофстад на Твитер напиша дека унгарскиот премиер Виктор Орбан треба да престане да ги финансира силите кои се против Европската унија и НАТО во Северна Македонија и Словенија.

„Виктор Орбан финансира анти-ЕУ и анти-НАТО сили во Словенија и Северна Македонија. Крајно време е ова да престане” напиша Верхофстад.

Овој став на европратеникот доаѓа по текстот на порталот Нецензурирано, дека медиуми во Словенија и Северна Македонија се финансираат од пари на компании кои се блиски до партијата Фидез на унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Денеска и словенечката полиција потврди дека Националното биро за истраги води предистражна постапка за начинот на кој се финансираат одредени медиуми во земјата.

Треба да знаете
Последни објави