Search

Верушевски денес како сведок во „Таргет-Тврдина“

Утрово почна ново рочиште за случајот „Таргет-Тврдина“ во Основниот кривичен суд во Скопје кој се однесува на масовното прислушување. Ова е прво рочиште за овој предмет откако редовното обвинителство ги презеде предметите од СЈО. Како обвинител овластен од Љубомир Јовески се појави Артан Ајро, кој го водеше овој предмет и во СЈО, а по прекинот на мандатот таму беше вратен во ОЈО Скопје. Покрај него и сите обвинети, во судот како сведок денеска дојде и поранешниот разузнавач и актуелен советник на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски.

Тој требаше да сведочи на претходното рочиште, но не се појави бидејќи судскиот доставувач не успеал да го пронајде за да му ја предаде поканата. Двајцата свиркачи од УБК, кои веќе сведочеа, Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски, му ги доставувале бомбите на Верушевски кој, пак, ги предаде на тогаш опозициската СДСМ. Во „Таргет-Тврдина“ првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.

Треба да знаете
Последни објави