Search

Верушевски: Груевски е мозокот на прислушувањето, Грујевски и Бошковски уште соработуваат со странски служби

Зоран Верушевски, поранешниот разузнавач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, на денешното рочиште одговараше на прашања на Обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во УБК, откако обвинетит во „Таргет-Тврдина“, меѓу кои и Сашо Мијалков се откажаа од вкрстено испрашување.

На прашање на обвинителката Ленче Ристовска кога, каде и како Верушевски добил информациите за „бомбите“ сведокот рече:

– Во 2010 во СДСМ имаше документи и сознанија за ограничениот демократски капацитет на власта и постоење на проект за контрола на комуникациите, посебно насочени кон опозицијата ваквите информации доаѓаа од побеќе извори и јас имав прилика да ја видам таа документација. Во разговор со изворите се потврдија сомневањата за грубото нарушување на слободата на говорот во земјава. Тоа беше иницирачкиот момент да се насочам кон таа материја. Документацијата беше во дигитален запис онака како што му беше предадена на СЈО, рече Верушевски.

Според него, документацијата е создадена и креирана од Никола Груевски кој сакал да ја задржи власта по секоја цена.

-СЈО во овој предмет направи курцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена. Сериозен пропуст на СЈО е што не го обезбеди овој човек во судница, но и во државата. Со нетрпение ја чекам разврската на истрагата за бегството на Груевски. Убеден сум доколку имам моќ да ги повикам двајцата бегалци од Грција, тогаш ќе ја добиеме целината за овој случај. Тие комуницираат со други држави и други служби, рече Верушевски, мислејќи на Горан Грујевски и Никола Бошковски.

Тој рече дека целото негово семејство било таргет на државата и се надева дека сега обвинетите ќе се потсетат на зборот простување.

– Во тек е постапка за обештетување на мене и мојата сопруга на очигледен срам на државата – рече Верушевски.

.

Треба да знаете
Последни објави