Search

Верувам сто отсто дека во октомври ќе добиеме датум за преговори

Премиерот Зоран Заев е уверен дека земјата ќе добие датум во октомври за почеток на пристапните преговори со ЕУ како награда меѓу другото и за Преспанскиот договор. Доколку тоа не се случи, вели подготвен е да седне и да разговара со опозицијата за предвремени избори.

-Јас верувам сто отсто дека во октомври ќе добиеме датум за преговори. Во политиката ова е реткост но за да го исполниме тоа зарем не е добро да дадеме плус аргумент на одлучувачите дека иако е лето, иако се одлучува по Ивештајот што е завршен, да дадеме аргумент дека државата ова што го прави не го прави само за ЕУ, туку влегува чесно и искрено за народот, за државата да го решиме и ова прашање. Јас верувам дека законот за јавно обвинтиелство не ни е пречка за добивање на датумот. Но јас сум Зоран Заев, имам информации толку колку што имам, претседател на Влада сум. Може нешто и да не знам. Ако тоа е нешто поврзано со тоа што ние дома го работиме дајте да го завршиме, да го отстраниме како пречка. На крајот на оваа работа гледам како на обврска пред граѓаните, вели Заев на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Тој вели дека ЕУ знае дека може многу лесно да ги врати национализмите во дебата, во дискурсот, во постапувањето во Република Северна Македонија ако соодветно не го награди Преспанскиот договор и сите реформи што се нарпавени заедно со опозицијата. Затоа, нагласува, датумот во октомври ќе биде награда за нашата земја, но и мотив за другите лидери од регионот за решавање на билатералните спорови.

-Ако тоа не го направи тогаш може да се случи нова националистичка реторика што може да испровоцира премиери од соседството членки на ЕУ, да испровоцира други земји и во октомври тоа да влијае. Како тоа ќе мотивира лидери на други земји да наоѓаат решенија ако не ги наградат решенијата што ги имаме дома како Преспанскиот договор. Апсолутно јасна е прагмата, затоа јас верувам дека со добивањето датум за почеток на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ добиваме награда и за Преспанскиот договор, која и тоа како може да мотивира лидери да се впупштат да изнајдат решенија низ дијалог, дипломатија, низ договор за да можат и тие да дочекаат награда како што и ние ја добиваме после 15 години со датумот за почеток на преговори, рече Заев.

Кажа дека е подготвен да седне со опозицјата ако евентуално не добиеме датум во октомври.

-Ако не добиеме датум подготвен сум да седнеме и да разговараме, рече Заев запрашан дали ќе продожите да владее и во такви околности.

Треба да знаете
Последни објави