Search

Верувале или не, во прстите се крие тајната на Вашиот успех

Фрустрациите се пројавуваат тогаш кога некој ја работи професијата којашто не му одговара на типот на личност. Сето тоа носи незадоволство, зарем не? Според поранешните верувања, должината на домалиот прст во однос на показалецот открива многу за нашата личност и нашиот успех.

Многу тестови за анализа на личноста влечат корени од древните времиња, а еден од најпопуларните е и тестот за анализата на личноста спроведен врз база на разликите на должината помеѓу показалецот и домалиот прст. Погледнете ја својата лева дланка и согледајте ја разликата помеѓу должината на овие два прста, а потоа откријте каква врска има сето тоа со вашата личност.

Тип А – домалиот прст е подолг од показалецот

Вие сакате да ризикувате и тоа секогаш ви носи корист. Вие зрачите со шарм и затоа мажите сакаат да флертуваат со Вас, а исто така тие секогаш одговараат на вашиот флерт. Знаете што сакате и ќе се потрудите да ја постигнете својата цел без одлед на сѐ, а Вашата амбизиозност честопати другите ја доживуваат како агресивност.

Идеална работа за постигнување успех и лично остварување:

– маркетинг, трговија и сите работни места кои вклучуваат директен сооднос со луѓе.

Тип Б – домалиот прст е пократок од показалецот

Вие сакате предизвици, самоуверени сте, бестрашни и родени сте да бидете водачи. Во стресните ситуации вие сакате да ја превземете контролата во свои раце и мирно да се фокусирате во барање решение на проблемот кој го имате. Снаодливи сте и затоа пријателите честопати бараат совети од Вас.

Идеална работа за постигнување успех и лично остварување:

– учител, професор, политичар.

Тип Ц – домалиот прст и показалецот имаат еднаква должина

Смирени сте и чувствителни. Вие сте емпатичен тип на личност и честопати се сочувствувате со проблемите на другите луѓе. Затоа многупати пријателите ви се доверуваат за нивните најдлабоки тајни, а понекогаш тоа се и личности коишто не ги познавате. Со својата топлина Вие едноставно влевате чувство на доверба, а истовремено ќе бидете најсреќни доколку можете да му помогнете некому.

Идеална работа за постигнување успех и лично остварување:

– медицинка сестра, социјален работник, психотерапевт.

Треба да знаете
Последни објави